ОБИЧНИ ЛУЃЕ:

Шампионот Емил Цветанов – ни ја најавува наjголемата XCO MTB UCI 1 велосипедска трка во Македонија

Низ годините во Куманово преку основоположникот на велосипедизмот Емил...

Вчера во Куманово се одржа Фестивал на новосоздадена македонска народна шегобијна песна „ТУМБА ФЕСТ 2021„

Вчера во Куманово се одржа Фестивал на новосоздадена македонска народна шегобијна песна „ТУМБА ФЕСТ 2021„.

Може да се кажеме дека во Куманово публиката одамна не е видела нешто слично.

Аплаузите беа скоро непрекинати, на моменти еуфорично се реагираше на интересниот валадновски дијалект, на фраерот Рубин од Прилеп , а Анета Молика пеејќи песна половина на кумановски, а половина битолски , ги крена на нозе како публиката така и целиот орекстар.

Во оваа време, невреме успеавме барем за миг да го отргнеме народот од секојдневните проблеми со кои се соочува и сите среќни и задоволни го проследија фестивалот до самиот крај и покрај дождот кој ги спречи да уживаат.

 

Очигледно е дека кумановците си го сакаат Тумба Фест и им недостасува, што претставува уште еден голем поттик за Етно Ризница да продолжи со самата организација на фестивалот и се надеваме дека наредниот десетти Тумба Фест ќе до дочекаме во поинакви услови од сегашните.

Плоштадот беше преполн, протоколите се почитуваа, Кумановците беа дисциплинирани, веројатно инспирирани од високиот квалитет на песните кои беа понудени, а се пееше за Досе, за Јовка, за Стојанка и Драѓе…

“Досе вечерта беше ем мераклија, ем љубовџија, а Стојанка била много згодна, па на Драѓета му се појавила љубомора да гу води на море пошто била много згодна па сви ќе гу гледале “ – се пееше за една неостварена љубов , ама доцна и дотекнало на комшиката, комшо веќе бил со друга и и возвратил на одбивањата на комшиката од младост. Залудно и купувал леблебија и суво грозје, веќе било доцна.

Рубин од Прилеп, беше споменат како главна фаца, издепилиран , полн со пари. Нема човек во Прилеп кој не го знае, како што е впрочем насекаде во секој град каде што има по еден таков Рубин…

Дознавме дека Валандовските смокви се најубави во државата, Киро и ја посакал смоквата на Валандовката и конечно на крајот и ја дал на “Баира”.

Вака граѓаните уживаа во вечерта, за која веруваме дека ќе се памети по шегобијата и забавата што всушност е и одлика на кумановскиот народ.

Latest

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Newsletter

spot_img

Don't miss

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Уметничкиот центар ПОЛИФОНИЈА со несекојдневна програма во рамки на Скопско Лето.

21ви Јули со почеток во 21 часот "Македонски шлагери, стари...
spot_imgspot_img

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници кои го олеснуваат животот и особено работата. Бизнис трансофмацијата се забрза, предизвикувајќи големи промени во...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и седумкратниот освојувач на најголемата титула во бодибилдинг, Мистер Олимпија. Сепак, дали знаевте дека Арнолд Шварценегер стана...

ИСКРЕНО СО: Симона Николова – за дискриминацијата, менталитетот и патот до успехот за кој сонува и го остварува

FLIP: Како си?! Симона Н.: Здраво пред сè. Јас сум одлично, благодарам. Чест ми е и задоволство што повторно одговарам на ваши прашања. Не ѝ...

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

error: Content is protected !!