ОБИЧНИ ЛУЃЕ:

Шампионот Емил Цветанов – ни ја најавува наjголемата XCO MTB UCI 1 велосипедска трка во Македонија

Низ годините во Куманово преку основоположникот на велосипедизмот Емил...

Вештина на убедување – дали може да се научи ?

Вештина на убедување – дали може да се научи ?

За моќта на изговорените зборови се зборува многу, толку многу за да мудрите мисли на оваа тема останале забележани во форма на изреки и поговорки како што е:

Убавиот збор железни врата отвара.

Зборот не е меч но може да исече.

Иако сите се сложуваме со пораката која ја упатуваат реченици сепак, се чини дека само поединци се свесни во која мера се што изговориме влијае на нашите соговорници. Како и секој друг вид на моќ и ова може да се искористи како во добри така и во лоши цели.

Првите за кои се верува дека во западната цивилизација одлучиле да ја злоупотребуваат вештината за држење на беседи и моќта за убедување во разговорите биле античките мудреци – софисти.

Тие своите ученици ги подучувале на вештини како што се реториката, беседништвото или знаењето за држање на говор и еристика – знаење за расправањето, односно водење на дебата од која секогаш ќе излеземе како победници. За да својата аргументација ја направиле да биде убедлива, софистите прибегнувале кон софизмот, намерните логички грешки, направени со цел да се створи привид на докази за своето тврдење.

Со оглед на тоа дека нивната намера не била – трагање за вистината туку стекнување можност во секоја прилика и по секоја цена да го одбранат својот став, софистите се прогласени за творци на демагогијата, односно вештина за манипулирање со широките народни маси.

Современиот филозоф, Чарлс Стивенсон во својот текст „Убедувачки дефиниции“ објаснува дека секој збор во било кој јазик покрај појмовно има и свое емотивно значње. Најдобар пример кој може да послужи за подобро разбирање на овие типови на значење за кои зборува и Стивенсон се зборовите „куќа“ и „дом“, кои имааат исто појмовно значење и во смисла се однесуваат на иста ствар но само вториот збор за себе повлекува и позитивно и емотивно значење.

Кога ќе го изговориме зборот „куќа“, генерално мислиме на изграден објект, притоа не прецизирајќи во своите мисли дали и од кога е населен или не додека пак изговарање на зборот „дом“ во нас предизвикува чувство на топлина и низа други позитивни емоции бидејќи овој збор во нашата свест буди асоцијации на сите драги луѓе кои живеат со нас во домот во топло семејно опкржување како и секое пријатно чуство кое го имаме доживеано.

Воочувајќи ја моќта на зборот „дома“ многу инвеститори и трговци со недвижности започнале се почесто да ја употребуваат за да добијат што е можно повеќе купувачи.
Вештите говорници се во состојба да од еден познат збор дадат потполно ново појмовно значење задржувајќи го притоа емотивното значење. Постојат зборови со изразено позитивно емотивно значење што при секое спомнување кај внимателниот слушател можат да предизвикаат чуство на возбува, почит или едноставно да му привлечат внимание.

Еден од тие зборови е зборот „култура“. Зборот култура има неодредено поимно значење поради тоа што низ епохата се менувало сфаќањето за тоа кои својства би требало да ги поседува некој кога е некултурен.

Можеме да претпоставиме дека во почетокот, за да се биде културен значело да се биде начитан и упатен во уметноста а со текот на времето тој збор го променил своето поимно значење. Колку и да се трансформирал со текот на времето зборот „култура“ во поимната смисла се причинува дека постојано го следи емотивно значење.
Стивенсон би кажал дека на оние на кои им фали култура, овој збор го изговараат со стравопочит а оние на кои им е својствена културата го употребуваат со посебно задоволство или пак со промислена скромност.

Многу често околу нас слушаме коментар и од едни за други дека на некои им фали култура и како истите да станат „покултурни“? За сето тоа е заслужен и пофалниот тон на зборот култура кој може да го почуствува секој кога ќе го изговори.
Исто така таква моќ имаат и зборовите „вистина“ и „правда“, „достоинство“ или пак изразот „вистински вредности“ кои често стануваат злоупотребени од страна на модерните софисти.

Кога посакуваме да го промениме појмовното значење на некои зборови понекогаш и несвесно изговараме убедувачка дефиниција со помош на која ја менуваме склоноста или интересите на нашите слушатели. Овој вид на дефиниција можеме да ја препознаеме по тоа што често во нив се изговараат зборивите како: „вистински“, „реални“ и сл.

На пример процесот на убедување дека вистинското значење на зборот култура е различен од она што се обично доживува и може да започне како:
„Знам дека тој е навистина упатен во уметноста но каква врска има тоа со културата? Одсекогаш ме заплашувало тоа што така механичките постапки како што се читањето или посетата на музеј, секогаш се наоѓаат на тапетот на пофалбата, додека пак чуствителноста на луѓето едвај и се приметува. Реалното значење на зборот „култура“ се однесува на имагинација и чуствителност“.

Понекогаш не е доволно само еднаш да се слушне убедувачката дефиниција како ова за да може да се освои новиот зададен збор или пак израз па во таквите ситуаци помага повторувањето или нагласувањето на изговореното, гестикулираното, тонот на гласот со кој се упатуваме на слушателите како и добропознатото орудие на реториката – аналогија и метафора.

Препознавањето на логичките грешки и убедувачките дефиниции е важен одбранбен штит за секој современ човек кој секојдневно е бомбардиран со маркетингшки, псевдонаучни и други кампањи кои се базирани на вештото манипулирање со фактот за да се заведе најшироката публика.

Latest

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Newsletter

spot_img

Don't miss

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Уметничкиот центар ПОЛИФОНИЈА со несекојдневна програма во рамки на Скопско Лето.

21ви Јули со почеток во 21 часот "Македонски шлагери, стари...
spot_imgspot_img

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници кои го олеснуваат животот и особено работата. Бизнис трансофмацијата се забрза, предизвикувајќи големи промени во...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и седумкратниот освојувач на најголемата титула во бодибилдинг, Мистер Олимпија. Сепак, дали знаевте дека Арнолд Шварценегер стана...

ИСКРЕНО СО: Симона Николова – за дискриминацијата, менталитетот и патот до успехот за кој сонува и го остварува

FLIP: Како си?! Симона Н.: Здраво пред сè. Јас сум одлично, благодарам. Чест ми е и задоволство што повторно одговарам на ваши прашања. Не ѝ...

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

error: Content is protected !!