Го начекавме најлабавиот битолчанец како се игра со кутриња и го направивме интервјуто на годината!
Не дека е наше детево, ама навистина има моќни пораки што ги испраќа. Па затоа да не ве задржуваме со непотребен вовед, повелете Виктор – пеЈачо од Битола!
FLIP: Какво е чувството да си пeјач во Македонија?
В.А.: Чудно! Мнооогу чудно! Од една страна, луѓето те знаат, те виделе на ТВ или онлајн или како и да е, знаат кој си, а од друга страна — не си популарен бидејќи, нели, не си политичар или пак некоја драма личност. Од трета страна, си ја обожаваш работата и уживаш во секој дел од неа, од четврта страна — чуден народ, луѓето отсекогаш туѓото го ценеле, а нашето никако. Среќна околност е тоа што јас воопшто не се заморувам со такви работи, правам тоа што сакам во моментот и уживам. Си го возам филмот и ќе продолжам да си го возам сè додека не испаднат тркалата.
FLIP: Би ја менувал ли средината во потрага по инспирација?
В.А.: Не ми е важно каде се наоѓам, воопшто. Инспирација има секогаш и секаде, само човек треба да сака да ја најде. Кога би менувал средина, би ја променил од љубопитност бидејќи обожавам да запознавам нови места, нови луѓе и да научам по нешто за нивните култури.
FLIP: Како знаеш дека тоа што го работиш е она вистинското?
В.А.: Едноставно знаеш. Како знаеш кое ти е омилено јадење, омилен филм? Така е и со работата. Тоа што ти создава пеперутки, те исполнува или, како во мојот случај, те возбудува и те тера да изгубиш чувство за време и по неколку дена без спиење… Тогаш, тоа е тоа.
FLIP: Кога би бил десерт, кој прв би те пробал?
В.А.: Пчелите… Или мувите… Зависи кој како ме гледа.
В.А.: За поголемо студио. По можност, некаде покрај плажа, со сите коцки наредени… Лабаво, малку создаваш музика, малку се бањаш, мераци…
В.А.: Единствено нешто за кое се прашувам е што да се јаде следно.
В.А.: Телефон. Сè останато се средува по пат.
В.А.: Нашата политичка сцена. Ако собереме сè што се случува во последниве 30 години, мислам дека имаме шоу 30 добри сезони. „Малечката невеста“ може вода да ни носи.
FLIP: Со која позната личност би се менувал на еден ден?
В.А.: Со Џеф Безос или Елон Маск. Не за друго, туку за да ги разбудат сабајле во 7, за помош на татко ми, утовар — растовар.
В.А.: Куќа и море. Ако има и планина од задната страна на куќата — мераци.
FLIP: Која ти е лозинката на Wi-Fi?
В.А.: (ТИИИИИТ) (сепак е предизборие)
FLIP: Постои ли твој двојник таму некаде? Каков е?
В.А.: Шутрак невиден е и тој, гарант.
В.А.: Цитати немам. Не се чувствувам до толку „возвишен“ (засега).
FLIP: Извлече ли поука од пандемијата? Можеш ли да ни ја кажеш?
В.А.: Живеј! Прави го тоа што сакаш да го правиш. Не чекај бидејќи животот нема да те чека тебе. Што и да правиш, сонцето ќе изгрева секое утро. Колку побрзо го сфатиш тоа — поубав ќе ти биде животот.
В.А.: Лепче. Особено кога пазиш на исхраната… Мхм..
В.А.: Кај ми е телефонот?
В.А.: Пошто кој со ѓаолот тикви сади…, книгата нема дно.
В.А.: Скинатата.
FLIP: Кој лик обожаваш да го имитираш?
В.А.: „Колку чини здравецот? — Шес месееци!“
FLIP: Зошто Македонија нема море?
В.А.: Зависи кај си. Во Битола (Прилеп итн.) има море на секој втор збор. Пример: „Шо наааапрај моооррее? Глата ја искрши! Цццц… Море, море, море абдал…“ Мориња колку сакаш…
В.А.: На денот кога Македонците ќе почнат да си се почитуваат меѓу себе. Дотогаш многу одлични артисти и музичари ќе свират само за малиот број граѓани што почитуваат.
FLIP: Како да свртиме кон подобро?
В.А.: Е сега види вака… По прва наплатна не продолжуваш право, туку вртиш лево кон Петровец. Има таму, ќе видиш, едно место. Александар Велики се вика. Аеродром е. Ќе си купиш карта, ќе прошеташ малку по светот, ќе видиш како се држат и се поддржуваат луѓето, ќе видиш колку никој не се заморува со глупостите со кои се заморуваме ние тука. Ќе видиш колку почит и поддршка си даваат меѓу себе и така растат заедно како нации. И не ги интересира кој има повеќе, кој што има и што нема, не се оговараат, не се туркаат и понижуваат, туку работат сите на себе како волови — подобрување и поддржување на сè што вреди. Така и колективно растат. И потоа, ќе се вратиш и ќе го примениш тоа тука. Е сега, на почеток, постојано ќе бидеш напаѓан и критикуван зашто сите ќе те користат, но ако доволно луѓе го издржат тој тежок период и ако поттикнат други да им се приклучат за да направат домино ефект, здравје боже, за едно 3-4 генерации ќе почнат да се случуваат промени. Во блиска иднина веројатно ќе биде тешко зашто се работи за борба за преживување.