Виртуелни тури на музеи низ целиот свет се одличен начин да го поминеме нашето време додека сме дома, а воедно и да научиме нешто ново.
Супер вест за сите фанови на Фрида Кало е што од сега ќе може да се посети домот на познатата сликарка, од удобноста на нашиот дом. Виртуелната тура е направена во 360 степени, при што може да се движите во градината и куќата.
ЛИНК ЗА VILA CASA AZUL ( ТУКА )
Vila Casa Azul, позната како „ сина куќа“ во која Фрида го поминала поголемиот дел од својот живот, ги содржи некои од најпознатите нејзини дела, како што се Long Live Life, Frida and the Caesarian Operation и Portrait of My Father. Особено е интересно што ќе може да го видите оригиналниот мебел, приватни работи, како и уметничките дела на нејзиниот маж Diego Rivera. Ова виртуелна тура е насловена како Appearances Can Be Deceiving и брои преку 300 лични работи на Фрида Кало.
Доколку сте фан на Фрида, со сигурност можеме да кажеме дека ќе уживате во оваа вирутелна тура!