Дали сакате да подготвите пијалок за дружење со пријатели, но ниту вие, ниту вашата дружина не сте расположени за алкохол?
Тогаш пробајте го овој безалкохолен коктел кој може да биде одлична замена за класичните сокови што вообичаено ги пиеме во такви прилики.
Коктелот се прави многу едноставно и дури не ви треба коктел-шејкер туку само обичен бокал. Има само три состојки кои лесно можат да се најдат во продавниците, така што подготвувањето (и пиењето) на овој коктел нема да ви донесе главоболка.
СОСТОЈКИ (околу седум коктели од 2 dcl):
– 5 дл. сок од брусница
– 5 дл. сок од ананас
– 5 дл. пиво без алкохол од ѓумбир
– коцки мраз
ПОДГОТОВКА:
Во голем стаклен бокал, прво истурете сок од брусница и ананас и промешајте со лажица. Потоа истурете ѓумбир пиво и промешајте повторно. Ставете неколку коцки мраз во чашите и потоа послужете го коктелот.
Секако, можете да го „зачините“ коктелот со малку алкохол, а најдобриот избор ќе биде обична вотка.
На здравје!