Вкусен колач Јафа подготвен во два чекора

Слични

Како да го подготвите омилениот десерт на Анџелина Џоли?

Како да го подготвите омилениот десерт на Анџелина Џоли? Холивудската...

Сочна торта од лешник и чоколадо подготвена без грам брашно

Сочна торта од лешник и чоколадо подготвена без грам...

Рецепт за лесен чоколаден мус без шеќер

Рецепт за лесен чоколаден мус без шеќер. Чоколаден мус (чоколадна...

Сподели

Вкусен колач Јафа подготвен во два чекора

Совршена торта за сите обожаватели на познатата торта Jaфа.

Секој сака едноставни, брзи и вкусни колачи и торти. Ако немате време да готвите или, едноставно, не сте многу вешти во кујната, тогаш тортата Јафа е изборот за вас.

Состојки:

  • 2 јајца,
  • 12 лажици шеќер,
  • 12 лажици млеко,
  • 10 лажици масло,
  • 15 лажици брашно,
  • прашок за пециво,
  • 4 лажици џем од кајсии,
  • поголем рендан замрзнат портокал,
  • 4 лажици млеко,
  • 2 лажици масло,
  • 100 гр чоколадо,
  • 50 гр путер,
  • 2 лажици млеко.

Подготовка на тортата Јафа

Прв чекор

Изматете ги јајцата, шеќерот, млекото, маслото, брашното и прашокот за пециво. Добиената смеса претурете јаво голема тава и ставете да се пече. Треба да добиете тенка кора („Рецепти и колачи“). По печењето кората поделете ја на половина и распарчете еден дел.

Втор чекор

Додајте рендан портокал, џем, млеко и масло во распарчениот дел и направете еднолична смеса. Со оваа смеса наполнете ја преостанатата половина од кората. Направете глазура од чоколадо, путер и млеко и прелијте со филот одозгора. Оставете ја тортата да се олади, а потоа сечете во форма по ваша желба.

error: Content is protected !!