Вкусна мусака од јаболко која вреди да ја пробате.
Пробајте го овој феноменален рецепт, нема да погрешите!
Состојки
- 1 кг јаболко
- 2 јајца 2
- 100 гр презла
- 200 гр ореви
- 100 гр суво грозје
- 1 л млеко
- 250 гр шеќер
- 2 ванилин шеќер
- 1 цимет
Како да се подготви
Излупете ги јаболката и исечете ги на прстени. Измешајте ги јајца,презлата во неа ги ваљајте јаболката , па пржете ги на врело масло.
Истурете го млекото во шерпата, додадете шеќер, ванилин шеќер, цимет, суво грозје и мелени ореви, зовријте и тргнете го од оган.
Поставете кружен плех со хартија, покријте го дното со пржени јаболка, ставете го филот врз нив, потоа ред јаболка, па повторно полнењето и завршете со јаболката.
Печете 40 минути на 160 степени.
Посипете го печеното со шеќер во прав.
Уживајте!