За совршен ајвар, потребна ви е ОВАА тајна состојка.
Благодарение на овој зеленчук, ајварот ќе добие посебен вкус.
Времето за подготовка на зимница се приближува. Пиперките се купуваат и се печат, со цел да се подготви ајварот.
Иако повеќето домаќинки имаат свој традиционален рецепт што го следат, понекогаш е добро да експериментирате малку и да додадете некои други зачини, или да додадете нов зеленчук.
На ајварот може да се додадат модри патлиџани, лук или лута пиперка, но најзачинета тајна состојка секако е ренот.
Ако сакате зачинето, не заборавајте да направите ајвар со рен. Исто така, не треба да го менувате основниот рецепт ако не сакате. Се што треба да направите е да додадете малку рен во неколку тегли ајвар.
Рецепт за ајвар со рен
Печете и излупете ги пиперките како и обично. Потоа исецкајте ги или сомелете ги, потоа пржете на рингла или внимателно печете во рерна, мешајќи и додавајќи масло.
На половина од подготовката на пиперките, додадете сол, и само на крајот, кога е време да ја истурите смесата, изрендајте мала количина рен (на 3 кг пиперки, оди околу 300 гр рен) и измешајте го ајварот.