За здрава врска меѓу мајката и ќерката, потребно е мајката да се прифати прво самата себе

Слични

Како да престанете да бидете сопруга која постојано се жали?

Како да престанете да бидете сопруга која постојано се...

Како и кога бебето почнува да го препознава своето име?

Како и кога бебето почнува да го препознава своето...

3 лесни начини за подобрување на исхраната на вашето куче

3 лесни начини за подобрување на исхраната на вашето...

Сподели

За здрава врска меѓу мајката и ќерката, потребно е мајката да се прифати прво самата себе.

Релацијата меѓу мајката и ќерката отсекогаш бил еден од најинтересните и најдинамичните во семејството.

Поради специфичната женска поврзаност и богатството на емоции, оваа врска често била анализирана од експерти. Откриени се многу значајни карактеристики кои се јавуваат во релацијата мајка—ќерка. Како и секоја врска така и оваа, има свое лице и грб.

За секоја ќерка, пред сè, важно е да има мајка на која може да се угледа.

Децата учат од своите родители врз основа на нивниот модел, на идентификација со нивните родители и врз основа на имитација на нивните родители. Кога ќе видиме девојка која „подготвува ручек во тенџерињата“, мораме да знаеме дека прави една многу сериозна работа.

Преку играта, таа го усвојува моделот на однесување што го гледала кај нејзината мајка и ја практикува својата улога. Значи, многу е важно ќерките да имаат добри примери од нивните мајки бидејќи тие ги учат нив како правилно да ја усвојат својата улога како жена и како понежен пол.

Една од најзначајните детерминанти на таа улога е да се пренесе пораката дека е прекрасно и е сосема во ред да се биде женско.

Мајка која е првенствено среќна што има ќерка и која и самата ужива во својата улога како жена ќе ѝ ги пренесе овие пораки на својата ќерка и на вербален и на невербален начин. Ќерката потоа, преку растењето, ќе научи дека е сосема во ред и навистина прекрасно да се биде женско, да се има дозвола да ја истражува и да ја надградува својата улога. Мајката ќе ја научи својата ќерка како таа улога се остварува преку некои специфични однесувања и како треба да се однесува со луѓето од спротивниот пол.

Значи, она што е многу важно за здрава врска меѓу мајката и ќерката низ растењето е самата мајка да се прифати пред сè себеси и нејзината женственост, а потоа да ја прифати ќерката онаква каква што е.

Ако од некоја причина мајката не прифати некои аспекти од себе, нема да може да ги пренесе и да ги прифати тие аспекти на добар начин ниту со својата ќерка. Така, во некои случаи, особено кога ќерката е во тинејџерскиот период, се јавуваат разни проблеми меѓу мајките и ќерките, во форма на чести кавги и конфликти кои можат да бидат поткрепени со завист, конкуренција, борби за моќ итн.

Неприфатените аспекти од себе не се прифаќаат дури и од дете.

Ако, на пример, мајката не ги прифати сексуалните аспекти на себе како жена, таа нема да може да ги прифати тие аспекти со нејзината ќерка тинејџерка. Така, може да има недоволно отворени разговори за сексуалноста меѓу двете, завист на мајката за развојот на нејзината ќерка и станувањето девојка, за момчињата. Тоа е резултат на недоволното информирање за сексуалноста, на отворениот разговор со почитување на границите на другиот. Како и во секоја врска така и за оваа, карактеристично е тоа што оние психолошки делови од нас што ги отфрламе, не можат да бидат прифатени и од страна на другите луѓе.

Важно е мајката да биде во добар контакт со себе и со своите желби и потреби за да може да ѝ даде добар пример и на својата ќерка.

Познато е дека децата не го учат тоа што ние им го кажуваме, туку тие учат од она што го правиме и имаат добра интуиција да забележат ако не сме автентични и искрени со себе. Затоа, особено е важно да работиме на себе со цел да се постигнат добри односи и со блиски луѓе.

Неприфаќање на растењето на родената ќерка

Многу мајки кои ги сакаат и ги прифаќаат своите ќерки, имаат проблеми кога ќе дојде време тие ќерки да пораснат. Неприфаќањето на растењето и независноста на ќерката може да е последица на фактот што мајката потсвесно го саботира ова растење, претставувајќи го возрасниот свет на нејзината ќерка како опасно место. Таа претерано ја заштитува нејзината ќерка и не ја подготвува за самостојно функционирање во општеството.

Оваа врска ја нарекуваме симбиотска врска. Нормално е мајката и ќерката да бидат во симбиоза кога ќерката е уште дете. Симбиозата значи дека една личност не може да преживее без друга. Детето не може да преживее без родителска грижа, а знаеме дека може да има значителни проблеми во животот ако не примило доволно љубов и наклонетост додека растело и се развивало.

Меѓутоа, како што расте, детето станува с посамостојно и поподготвено за самостоен живот во општеството. Некои мајки, ова растење на нивните ќерки, го прифаќаат многу тешко и продолжуваат да бидат во психолошка симбиоза со своите ќерки, иако веќе нема потреба од тоа. Симбиозата може да се рефлектира во однесувања како што се: постојани телефонски повици, контрола, непочитување на границите и приватност во врската. Ќерката може да има амбивалентни чувства кон нејзината мајка. Таа може да ја сака сопствената мајка, но, истовремено, и да чувствува лутина или вина поради желбата за независност која не може да ја постигне.

Сепак, здравото растење и разделбата предизвикуваат промена на врската, но многу е важно да се знае дека растењето на ќерката не е крај. Тоа е почеток на нова фаза од врската мајка—ќерка во која и двете можат да уживаат. Да се ​​има здрава доживотна врска значи да се прифати дека растењето не е напуштање, туку созревање и збогатување на личноста и на врската. Во таа врска мајката и ќерката можат да разменуваат богати содржини и емоции и да уживаат во сите нови аспекти и искуства кои следуваат само ако го прифатат неизбежнотo (трансформации, врски).

Синдром на совршена мајка

Постои и нешто што се нарекува синдром на совршена мајка. Некои жени мислат дека мораат да бидат совршени мајки за своите деца и секогаш да им даваат совршен пример. Жените понекогаш мислат дека мораат да бидат посветени на своите ќерки секој ден, цел ден, дека секогаш мораат да бидат расположени за нивните желби и потреби, дека мораат да се грижат за нив непрекинато, совршено… Бидејќи тоа не е ниту возможно ниту изводливо, овие мајки почнуваат да се чувствуваат депресивно согледувајќи дека не можат да ги достигнат тие идеали. Така, тие не можат да имаат навистина добар однос со своите ќерки.

Од друга страна, ќерките можат да заклучат дека е многу тешко да се биде мајка, тешко, но и забавно истовремено бидејќи забележуваат дека нивните мајки се откажуваат од сопствените лични потреби само за да бидат многу добри мајки. Така, ќерките можат да заклучат дека не е толку убаво да имаат деца и семејство кога ќе пораснат, па затоа го избегнуваат тој дел од животот.

Каде е клучот за совршена мајка?

Важно е да знаете дека не може да постои совршена мајка. Можеби има само доволно добра мајка. Доволно добра мајка е онаа која се грижи за потребите на детето, која му дава љубов и е посветена, но се грижи и за сопствените потреби. Тоа е онаа мајка која го слуша своето дете, но и која знае дека може и да згреши, но и да ја прифати грешката. Гледајќи ги нашите баби и прабаби од кои многумина немале кариера, заклучивме дека тие биле многу посветени на своите деца и дека е невозможно да се  постигне таква посветеност со редовни работни и други обврски.

Но, тоа не е потребно. Она што треба да го знаете е дека е важно добрата мајка, пред сè, да биде добра со себе. Таа треба да знае дека треба да има свој систем за поддршка во воспитувањето на децата. Треба да сфати дека е во ред да греши…, дека е во ред да е своја и автентична и како родител и како личност…, дека е сосема во ред да бара помош кога ѝ е потребна… Така, на ќерките им се испраќа важна порака дека и тие, еден ден, ќе можат да бидат добри мајки, без да се запостават себеси. Тоа, дополнително ќе ги мотивира.

Се разбира, честопати, ги ставаме потребите на нашите деца пред нашите, особено кога се мали, но ако направиме премногу, нашето внатрешно дете ќе се побуни. Мора да се грижиме и за него. Затоа е важно жената да има поддршка, по можност од сопругот, во воспитувањето на децата и во поставувањето граници.

Блискоста на родителите

Интересно е што истражувањата покажале дека најсреќни се оние деца чии родители се поблиску еден до друг, отколку што се блиску до децата. Тоа значи дека, првенствено, постои врска меѓу маж и жена кои се добри родители, но има и граници во односот со децата. На тој начин, децата се чувствуваат заштитени и ограничени со безбедни граници. Ако во семејството има коалиции меѓу мајка и син, мајка и ќерка, татко и ќерка, тоа не е добро за семејниот систем.

Децата сакаат да знаат дека нивните родители се пар, а тие се само деца и дека никој не ги става во непријатна позиција на арбитри за време на кавгите меѓу мажот и жената.

Ќерките кои растат среќно со своите мајки се оние кои ја гледаат љубовта и посветеноста на мајката и на таткото во нивниот дом, кои учат да се прифатат себеси и својата улога. Тоа го прават преку идентификување со својата мајка и воспоставувањето здрав и интимен однос со мајките, но и здравите граници во таа врска.

Значајна работа што треба да се спомене во релацијата меѓу мајката и ќерката е специфичната положба на жената во патријархалниот свет кај нас.

Не беше лесно порано, а не е лесно ни сега да се биде мајка и ќерка во свет чии доминантни вредности ги одредуваат мажите. Затоа, може да постои таква карактеристична солидарност меѓу мајката и ќерката бидејќи тие се разбираат и не им е секогаш лесно да се справат со своите улоги, и покрај толку многу контрадикторни барања што им се поставуваат понекогаш.

Оние вредности кои се пренесуваат од генерација на баба, на мајка, а потоа на ќерка, може да бидат многу збунувачки. На пример, мајките можат да им ги пренесат следниве пораки на своите ќерки: да бидат убави, но не премногу сексуални за да не бидат етикетирани како жени со лесен морал; да бидат паметни, но не премногу паметни, т.е. да не бидат попаметни од сопругот; храбро да поднесуваат неволја, но да бидеш послушни; да се образовани, но не и кариеристки; да застанат за себе, но да знаат „кој е глава на куќата“.

Овие двосмислени и нејасни пораки често се појавуваа поради подредената положба на жената во патријархалното општество кога жените не можеа да добијат целосна независност и самореализација во социјална смисла, па мајките, посакувајќи им сè најдобро на своите ќерки, ги научија ќерките како да исполнат некои од нивните желби и потреби. Сепак, не им препорачуваа да се истакнуваат за да не бидат казнети или отфрлени на кој било начин.

Се разбира, овие двојни стандарди доведоа до конфузија во самите машко-женски односи и до непријателство меѓу мажите и жените. Во тие релации жените со векови се чувствуваа подредени. Затоа, важно е, возрасните ќерки да имаат слобода да ги преиспитаат вредностите што ги добиле од нивните мајки и да можат да ги отфрлат оние вредности што не ги сметаат за автентични и точни.

Новото време донесе одредена слобода за жената во социјална смисла, но сепак, жените немаат слобода да бидат значајни во потполна смисла на зборот. А желбата да се биде важен и прифатен е една од најзначајните за човекот. Затоа, важно е, за релацијата меѓу мајката и ќерката, и двете да се чувствуваат важни, прифатени и слободни. На овој начин и двете можат да го надградат својот идентитет и да ги прошират своите хоризонти.

Мајка која се прифатила себеси и имала слобода да биде прифатена од другите, полесно и подобро ќе ја прифати желбата на нејзината ќерка да изгради сопствен идентитет во тинејџерските години.

Ќе ѝ биде полесно и поубаво да прифати дека станала баба, дека има ќерка која сака да оди во Азија, која сака да стапи во брак, која не сака да стапи во брак, која сака да оди на факултет и која не сака да оди на факултет, која сака да биде спортист или ветеринар, спасител на плажа или што и да е.

За здрава релација меѓу мајката и ќерката, исклучително е важно и двете да имаат слобода да ги изразат своите желби, да имаат свои граници, да можат да изразат нешто заедничко во нивниот однос и нешто само свое, посебно.

Само во тој случај, тие можат, без вина и со радост да кажат: „Јас сум таков, но мајка ми (ќерка ми) не“. Тоа значи дека нивните разлики не ги гледаат како пречка, туку како израз на богатството на нивната врска и повик за меѓусебно учење, раст и развој.

Истражувањата покажаа дека на ќерките им е потребна стабилна, мирна и опуштена мајка, а за да биде таква мајката, нејзе ѝ е потребна грижа, нежност и поддршка.

Мајка и ќерка можат да уживаат во таква врска и да најдат заеднички јазик, дури и ако сопругот на ќерката бил самиот Хадес. Деметра и Персефона секогаш наоѓаат начин да се сретнат и да уживаат заедно.

error: Content is protected !!