Запечени пиперки со сирење: Лесно јадење кое уште полесно се подготвува !
За подготовка на ова јадење потребно вие е:
-10 -12 пиперки
-Фета сирење
-2 лажички павлака (по вкус)
-Сол (по вкус)
-1 јајце
-Масло (по потреба)
-5 лажички млеко
Подготовка:
Пиперките испечете ги па извадете ги лушпите и семето. Ако пиперките ги вадите од смрзнувач само ги размрзнете. Секоја пиперка исецкајте ја и отворите како шницла. Сирењето испасирајте го па потоа по потреба додадете сол, павлака и сето тоа го измешајте.
На работ од секоја пиперка ставете лажичка фил па замотајте ја во ролна. Ставете масло во садот каде што мислите тоа да ги печете и наредете ги подготвените ролни. Оставете една лажичка фил. Загрејте ја рерната на 200 степени и ставете да се печат пиперките.
Печете го тоа 15 минути а за тоа време измиксајте ја останатата лажичка од филот, јајцето и млекото и со таа смеса полијте ги пиперките па оставете уште 15 минути да се печат. По желба можете да додадете и испасиран лук.
Уживајте!