Денес разговараме со една близначка на која и поставивме мнооогу тешки прашања, а добивме прекрасни одговори и размисли за животот, таму во Дубаи! Двете сестри се приказна за себе, креативки и уметнички кои успешно водат свое фризерско студио во Куманово, а Бети како што сите ја знаеме е успешна фризерка во едно од реномираните фризерски студија во Дубаи.
Епа драги наши, за сестрата, за луксузот, модата и силната порака прочитајте подолу!
FLIP: Како е да се живее далеку од сестрата близначка?
Е.М.: Уффф, прво и веднаш најтешкото прашање… Тешко, многу сме приврзани, се слушаме секој ден.
FLIP: Која е од Вас две е покреативна?
Е.М.: А мислев дека првото прашање е најтешко… Како и секој фризер така и ние си имаме своја јака страна. Елена е повеќе околу техничкиот дел, јас повеќе сум во уметничкиот
FLIP: Зошто одбра баш Дубаи да биде твојата точка на успех?
Е.М.: Дубаи ми се случи неочекувано и случајно. Но сепак морам да кажам дека модниот стил и луксузот овдека од секогаш биле предизвик за многу луѓе од модната индустија. Можноста да се надоградуваш и да успееш се загарантирани.
FLIP: Која VIP личност ја имала честа да седне на твоето столче?
Е.М.: Благодарение на салонот во кој работам, кој важи за еден од најдобрите во Дубаи, имав прилика да работам со многу познати и помалку познати за нас личности. Едни од нив се Ева Лонгорија, Марија Браво, Шилпа Шети и многу други…
FLIP: Постои ли разлика од Париз, Лондон, Њујорк и Дубаи во однос на модните стилови и трендови?
Е.М.: Постои и тоа голема разлика. Во Дубаи не важи правилото “keep it simple“
FLIP: Те молам опиши ни го на кратко еден твој работен ден и направи компарација со еден слободен ден. Има ли знаменитост во Дубаи која сеуште ги немаш посетени?
Е.М.: Секој работен ден е различен од предходниот. Предизвик е да работиш со луѓе од целиот свет, различни националности, култури и секако различен тип на коса
Секако дека има знаменитости кои уште ги немам посетено, но, полека не се брзам…
FLIP: Која е точката во Дубаи која најмногу те возбудува?
Е.М.: Фасцинантно ми е колку е лесно да се живее во град голем колку целата наша Македонија. Технологија овде е за 50 години понапред од нашата убава Македонија.
FLIP: Има ли таму нешто што те подсетува на родното Куманово, Македонија?
Е.М.: За жал нема ништо што може да кажам дека ме подсетува на моето родно Куманово.
FLIP: Би го заменила ли Дубаи за друга светска метропола?
Е.М.: Кога би дошол момент да одлучам каде на друго место би работела, тоа би било Италија.
Модниот стил таму за мене е број еден, затоа и мојот салон во Куманово го носи името Bellezza.
FLIP: Како е да се биде дел од едно големо модно шоу?
Е.М.: Да се учествува на модно шоу од светски размери е пред се голема одговорност, го обожавам чувството на адреналин во тие моменти. На последното шоу имавме 30 модели кои јас и мојот тим од 5 стилисти, успеавме да завршиме се за 4 часа.
FLIP: Што е тоа што те исполнува?
Е.М.: Со сигурност можам да кажам дека нешто што највеѓе ме исполнува е моја работа.
FLIP: На што мислиш пред да заспиеш?
Е.М.: На моето семејство.
FLIP: Што или кој те буди наутро?
Е.М.: Аларм и мирис на добро кафе.
FLIP: Дали најдобрата другарка знае се за тебе?
Е.М.: Имам неколку добри другарки и ДА, знаат се за мене.
FLIP: Кога би била десерт што би била?
Е.М.: Сладолед со вкус на чоколадо
FLIP: Како да свртиме кон подобро?
Е.М.: Наша обврска е колективно да делуваме во борба на се што е лошо за нас, за нашиот народ. А народ- тоа сме сите ние. На секој континет, во секоја држава. Мора да се промениме, ако сеуште не сме. Да бидеме хумани, без предрасуди, да се грижиме за себе, за нашата околина, за нашите блиски а и за сите што ги познаваме, а и оние кои не ги познаваме. Да шириме љубов и добрина, само така можеме да се надеваме на подобро утре.