Запознајте ја културата: Најбизарните и најсмешните закони во светот.
Запознајте се со културата, обичаите и законите на земјата кон која се движите.
Ако тргнавте на пат и возбудено чекате ред да се качите во авион или автобус, спасете се од непредвидени ситуации.
Некои ќе ве заплашат, некои ќе ве насмеат, но она што е сигурно ќе ве спаси од казни и непријатности.
1. Франција – овој закон навистина ќе ве насмее!
Често нема да видите свиња на улиците на Франција, но дури и да се случи тоа, не смеете да ja нарекувате Наполеон. Французите го почитуваат нивниот воен лидер од 16 век Наполеон Бонапарта и таквото име за свиња се смета за навреда. Новите генерации сами се смеат на овој закон и денес го прифаќаат како шега, но никој не се осмелува да им даде такво име на својата свиња.
2. Њујорк – необичен закон
Одите во Њујорк, ги разгледувате зградите, се восхитувате на нивната убавина и одеднаш ви паѓа на памет колку би било одлично да скокнете од една. Не обидувајте се, ако за чудо го преживеете падот, ќе добиете смртна казна за скок од зградата.
3. Швајцарија – овој закон мажите нема да го сакаат!
Излеговте, на пример, од еден бар каде сте испиле премногу пиво, по што треба да уринирате, не смеете да го правите тоа додека стоите. Во оваа земја, на мажите им е забрането да мочаат додека стојат после 10 часот навечер.
4. Мајами – љубителите на животни го сакаат овој закон
Во Мајами, со закон е забрането да се имитираат животни, тие сметаат дека секаков вид на таква имитација е потсмев. Ако имате дарба за глума подобро користете го друг пат. Ако сте лав, Бик или Јарец во хороскоп, не обидувајте се да им објасните со имитација.
5. Германија – возачите пазете се!
Во оваа земја, никогаш не смеете да останете без гориво на патот. Вашиот резервоар секогаш мора да биде полн, тие ја наплатуваат оваа грешка, па затоа е подобро да го осигурате вашиот автомобил на време.