Денешново интервју е кратка приказна за животот претставена преку зборовите на младата Магдалена Атанасова, мултиталентирана девојка која од своето Кавадари шири позитива, радост, ја промовира љубовта и семејството како основни и најбитни вредности во нашиот живот.
FLIP: Драга Магдалена, ние те запознавме како актер во урнебесната комедија “Не сега драга” која ја играте во театарот Иван Мазов Климе во Кавадарци. Дали Магдалена е актерка или нешто многу по различно?
M.A.: По професија сум дипломиран економист по деловна администрација во финансии, нешто тотално спротивно на мојот уметнички дух. Театарот ми е голема љубов работам како актер аматер и сега засега уживам во насмевките на задоволните гледачи кои си заминуваат задоволни со еден куп импресии.
Еве на кратко да ви раскажам и за претставата: ’’ Не сега драга’’ e дело на англискиот автор Реј Куни, се работи за сплет од ситуации кои се пропратени со многу заплети и перипетии. Режијата е на еден новопечен режисер и актер добро познат на кавадаречката публика Диме Боцев кој што неуморно работеше и направи голем успех како за себе така и за институцијата која стои позади него.
Се почнува кога во хотелот Сан во Скопје доаѓа на посета пратеникот од Прилеп Рампо Рајатовски со неговата жена и неговиот помошник, тие се сместуваат во хотелот а неверниот Рампо закажува таен љубовен состанок со секретарката на премиерот и тука настанува целиот хаос … Претставата е работена од професионалци и аматери кои неуморно работеа и можам слободно да кажам дека ова е огромен успех за кавадаречкиот театар затоа што билетите за претсавата до крајот на годината се распордадени. И за крај авторот на фотографиите кои се дел од ова интервју се на Стефанија Милевска.
FLIP: Која реплика од претставата ти беше најсмешна?
M.A.: Со оглед на тоа што е комедија не можам да се одлучам, јас го играм ликот на Кристина Рајатовска жена на пратеник од Прилеп која има нескротливи афинитети кон помошникот на нејзиниот маж, можам да ви откријам дека публиката одекнува во громогласно смеење кога ке слушне како ја пеам во фалш “ Жена од султана’’…
FLIP: Дали актерството ти е во крв? Имаш ли и други предходни ангажмани?M.A.: Апсолутно не , потекнувам од семејство кое што никогаш не гаело симпатии кон уметноста. Почнав да глумам во претстави кои се работеа во драмската секција во моето средно училиште кога имав 15 години. Освен претставите при Дом на култура Иван Мазов Климе работев и на неколку видео записи, последното видео беше background видео за lyrcs наменето за странски пазар за песната “Opting Out “. Уште еден видео запис кој што се надевам наскоро ке ја виде светлоста на денот кое што повеќе потсетува на краткометражен акционен филм одколку на спот, и за крај проектот на кој сум особено горда на себе спотот за песната ”Горе или доле’’ на ДНК.
FLIP: Кој дел од денот ти е омилен?
M.A.: После тренингот и пробите во театар попладневните часови се само за мене, пропратени со серија, шолја кафе и моето милениче Лео во прегратки .
FLIP: Како и кој те буди?
M.A.: Jас сум ноќна птица, станувам касно, ме буди љубовта на мојот живот која што моментално се наоѓа на другата страна од светот. Што во превод значи дека денот ми почнува со многу љубов и кафе.
FLIP: Кога би била десерт кој би бил тој?
M.A.: Уфф … не сум сигурна за десерт затоа што не сум обожавател на слатки задоволства ама ако морам да бирам најдобро нешто што би ме опишало е топло-ладно.
FLIP: Би живеела ли на море или на планина?
M.A.: Море дефинитивнооо, никогаш нема да одолеам на тиркизно сина вода, сонце и некоја долга и убава плажа Cosmopolitan и крема за сончање …
FLIP: Дали за тебе е битно парчето гардероба да е бренд?
M.A.: Не, никогаш. Во мојот гардеробер преовладува гардероба што може да си ја дозволи секој, мое мислење е дека не секогаш се што е убаво мора да носи име на некој бренд, важно е кој го носи и како го носи.
FLIP: Се гледаш ли повеќе на даските што живот значат или во некоја голема копманија како финансиски менаџер?
M.A.: Верувам дека некој од вас ке бидат изненадени ама мојот одговор е финансиски менаџер во некоја голема компанија, некако повеќе си се сакам себеси во таа улога како успешна деловна жена.
FLIP: Те доживуваат ли луѓето поинаку од тоа што си ти?
M.A.: Секогаш, на прв поглед делувам ладно и резервирано но по природа сум многу емотивна романтична и се спротивно на мојот ладен поглед …
FLIP: Колку парчиња пица можеш да изедеш?
M.A.: Многу! Ако можам да бирам јас би јадела бургери и пица до крајот на мојот живот хахаха
FLIP: Разум или срце?
M.A.: И разум и срце, да ми го поставеше истово прашање пред неколку години вероватно ќе кажев срце, но сега и двете .
FLIP: Сакаш да се сликаш или да те сликаат?
M.A.: Да ме фотографираат дефинитивно затоа што имам 0% осет за добар кадар, во студентските денови уживав во фотосесии, некои беа од професионалци неко од аметери, сега поретко но во секој случај сакам да се фотографирам.
FLIP: Дали имаш некое прашање кое јавно би го поставила на личноста која најмногу ти значи во животот?
M.A.: Па веројатно не, затоа што мислам дека не постои прашање што досега не сум му го поставила и не сум добила одговор. Знам дека ќе го чита ова па само би му кажала дека го сакам многу …
FLIP: Колку пара чанти ќе собере твојот автомобил?
M.A.: Многу! Обожавам чанти мали големи секакви ги имам во сите бои и сите имаат посебно место во моето срце .
FLIP: Како да свртиме кон подобро?
M.A.: За мене среќа е моето семејство, топол дом, искрени пријатели и партнер кој има бескрајна љубов и разбирање. Така да можам да ви кажам дека јас сум една многу среќна девојка. Спроред мене клучот за подобро е вербата во подобро утро, можноста за препознавање на добрите работи дури и кога сме опкружени со целото сивило од падемијата која што ни ги стега градите последниве две години. Способноста да се радуваме на мали работи, да уживаме во времето поминато со најблиските да се сакаме и да бидеме сакани.