Здраво и вкусно смути од банана и манго за совршен почеток на денот
Појадокот е многу важен оброк. Toj може да ви го разубави или да ви го расипе денот. Смути од банана и манго е одличен избор за појадок за секој што нема време да подготвува утрински оброк.
Сакаме да споделиме со вас уште едно одлично смути од банана, кое поради својата хранлива вредност, може да послужи како замена за оброк. Витамините К, А, Ц и Б6 од бананата; витаминот Ц, железото и калциумот од мангото; витаминот Б3, фолната киселина, пантотенската киселина од путерот од кикиритки и сите витамини и минерали од млекото се сигурен показател за здрав оброк и за значителна доза енергија во текот на денот.
За ова смути потребни се следниве состојки:
- 250 мл. обезмастено млеко,
- 1 банана,
- 1 манго со средна големина и
- 1 лажица путер од кикиритки.
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки во блендер. Ако сакате пијалокот да биде ладен, додадете неколку коцки мраз. Ако пијалокот стане премногу топол, ќе има пофина текстура. За декорација може да употребите парчиња манго. Останува само да уживате.