,,Жените и фотографијата” – Изложба која мора да ја посетите

Слични

Најубавите цитати на влијателни жени низ историјата

Најубавите цитати на влијателни жени низ историјата. Сетете се на...

Сексот и градот доаѓа во декември! Погледнете ја најавата

Сексот и градот доаѓа во декември! Погледнете ја најавата HBO...

Автопортретот на Фрида Кало е продаден за 35 милиони долари

Автопортретот на Фрида Кало е продаден за 35 милиони...

Што се случи со Мртвото Море?

Што се случи со Мртвото Море? Мртвото Море, спектакуларно солено...

Сподели

Во чест на меѓународниот ден на жената, 8-ми Март, Фото клуб Куманово во соработка со Центар за култура „Трајко Прокопиев“ ја организира националната изложба на уметнички фотографии Жените и фотографијата.

Фото Клуб Куманово на творечки начин говори за ангажираното присуство на жената во светот на фотографијатаи тоа го претвора во традиција!Ова е деветто издание на изложбата во која се прикажани 50 фотографии од женската фотографска фела во Република Македонија.

Меѓународниот ден на жената е потсетник да запреме – да го согледаме и славиме напредокот на жените низ историјата . Историја која сведочи за борба на храбри и достоинствени жени со цел обезбедување на подобра позиција на жената во сите сфери на општеството. Општество ослободено од стегите на родовата нееднаквост – општество отворено за промени и нови предизвици.

Жените преку фотографијата прават вистинска револуција во осознавање на светот, која води кон рушење на поделбите, а со тоа и прифаќање на нови мислења и воспоставување на нови парадигми.

Како индивидуи или здружени во организации, жените се борат за еднаквост на можностите, но и за еднаквост во резултатите!

Записите покажуваат дека до 1900 година имало повеќе од 7000 професионални жени фотографи во светот. Жените сочинуваат скоро 20 проценти од професијата во време кога било невообичаено жените дури да имаат професија.

Како што споменавме и претходната година, Фото клуб Куманово е со поголема бројност на жени фотографи, а тоа е еден од многуте показатели за нивна се поголема вклученост во оваа креативна дејност.

Фотографијата како актуелен и моќен медиум на изразување одбележувајќи го секој белег на времето во кое живееме,сведочи за успешноста на жените во креирање на поубав и по хуман свет!

На изложбата застапени се две теми. Ставен е акцент на жената – нејзината појава и улоги во еден организиран визуелен облик кој заслужува внимание, и слободна тема какопростор за интерпретација на светот околу себе виден преку објективот на жените автори.

Проектирани се личните доживувања на стварноста и феноменот на секојдневието со разновидни стилски определби, но со исти цели во естетска и емотивна основа на своето творештво, изразувајќи се во жанрот кој највеќе соодветвува со нивниот сензибилитет!

Разновидноста, актуелноста и автентичноста на нивните уметнички сфаќања и толкувања, високиот степен на естетска свест ги чини рамноправни членови во оваа креативна дејност!

Со анализа на содржината на делото т.е. мотивот па и комплетната форма може да ја поврземе фотографијата со духот, карактерот и личната култура на фотографот , па дури и сополот на авторот. Авторката поради различноста во перцепцијата, суптилноста, вроденоточувство за грижа и емотивноста која може да ја раскаже и долови само жената фотограф – преку фотографијата успешно произведува цел свет од доживувања, спомени, моменти и пресеци на реалноста и местото каде што припаѓа.

Фотографиитеучествуваат во животот на идните генерации како предмети од визуелно и емоционално искуство на они кои ги разгледуваат. Тие продолжуваат да ја емитуваат во себе пораката, експресивна енергија која ја втиснале нивните автори.

Затоа, одбележувајќи го Меѓународниот ден на жената ( 8ми март) во име на Фото Клуб Куманово им се заблагодарувам на сите жени автори кои зедоа учество на оваа изложба. Целта на изложбата е да се даде поттик, поддршка, да се продолжи со активноста, а ние како Фото Клуб да ја славиме жената како творец во областа на фотографијата!

error: Content is protected !!