ОБИЧНИ ЛУЃЕ:

Шампионот Емил Цветанов – ни ја најавува наjголемата XCO MTB UCI 1 велосипедска трка во Македонија

Низ годините во Куманово преку основоположникот на велосипедизмот Емил...

Жените родени во овие хороскопски знаци најмногу се грижат за своето здравје

Жените родени во овие хороскопски знаци најмногу се грижат за своето здравје

Грижата за вашето здравје е најважна работа. Но, дали сте знаеле дека секој хороскопски знак се грижи за себе на одреден начин?

Девицата е личност која живее здрав живот

Менталното здравје на жената девица, исто така, е многу важно. Таа се грижи за храната. Менталната хигиена ѝ е на прво место. Своето тело го доживува како Свет Грал и многу вложува во него. Сака долги прошетки и умерена физичка активност која ѝ помага да одржува рамнотежа. Не сака пренагласеност, туку умереност. Таа ја користи лентата за трчање за одржување на мускулниот тонус и правилното држење на телото. Храната што ја користи е со висок квалитет, а тоа ѝ овозможува да ја одржува линијата под контрола. Посетата на психотерапевт е составен дел од нејзиниот живот бидејќи сака веднаш да се „чисти“ и да средува сè во нејзината глава и во животот.

Лавот е личност која вложува многу во себе

За жената лав изгледот е многу важен. Фризурата, шминката, лицето и ноктите, како и гардеробата мора да бидат совршени. Со еден збор, сè на неа мора да биде кралско. Таа, секако, е жената која најмногу ги посетува козметичките салони и обожава хируршки интервенции, но само со цел да остане млада засекогаш. Она што е многу важно да се истакне е дека жената лав прави сè со стил и ја користи естетската хирургија во своја полза. Сè на неа е направено кралски, со доза на гламур. Кога се во прашање годините, естетската хирургија е нејзиното главно оружје. Освен естетските вложувања кои се најмодерни и најскапи, на големи размери е и нејзината инвестиција во себе, кога станува збор за образованието.

Вагата има рамнотежа во сè, дури и во физичка, воспитна и естетска смисла

Ако видите совршена жена која е облечена како беспрекорна дама, со извајана фигура и високо образование, тогаш тоа, секако, е вага. Вагите, исто како и лавовите, сакаат гламур и убавина, но на пософистициран начин. Таа е жена која има мерка во сè и на сè му дава свој личен печат. Дама која ве остава без здив. Не е роб на трендовите, па никогаш нема да ја видите со тренди-фризура, туку само со фризура соодветна на нејзиното лице и на нејзиниот сензибилитет. Таква е во сè. Обожава козметички салони, но го користи само она што е за неа. Сака да изгледа убаво и да оди во теретана, но умерено. Ја користи естетската хирургија, но не за да ги исправи недостатоците, туку за да нагласи, пред сè, убавите работи на себе.

За разлика од девицата, лавот и вагата, има и знаци кои, на некој начин, воопшто не ги интересира физичкиот изглед, туку само духовниот. Тоа, секако, е водолијата, а  донекаде и рибите.

Водолијата е личност која владее со умот

Водолијата не сака површни работи. Умот, учењето, совршенството и изумите се тие нешта што ја движат. Таа не го гледа површниот свет. Никогаш нема да се заљуби во вашите сензуални усни, туку во вашата енергија и интелигенција. Водолијата е знак кој живее за да учи, да напредува, да созрева со универзумот. Голем љубител е на природата. Гги почитува нејзините циклуси и ѝ се восхитува. Науката е гориво за водолијата.

Рибите се уметници

Нивниот свет е уметност, бои, музика и интуиција. Тие го доживуваат светот сосема поинаку од сите хороскопски знаци. Нивните сетила се иритирани и лесно можат да ја препознаат опасноста или лошите намери на другите луѓе. Живеат во свој свет и имаат рамнотежа во него. Поради нивниот уметнички свет, другите луѓе ги доживуваат рибите како чудаци.

Latest

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Newsletter

spot_img

Don't miss

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Уметничкиот центар ПОЛИФОНИЈА со несекојдневна програма во рамки на Скопско Лето.

21ви Јули со почеток во 21 часот "Македонски шлагери, стари...
spot_imgspot_img

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници кои го олеснуваат животот и особено работата. Бизнис трансофмацијата се забрза, предизвикувајќи големи промени во...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и седумкратниот освојувач на најголемата титула во бодибилдинг, Мистер Олимпија. Сепак, дали знаевте дека Арнолд Шварценегер стана...

ИСКРЕНО СО: Симона Николова – за дискриминацијата, менталитетот и патот до успехот за кој сонува и го остварува

FLIP: Како си?! Симона Н.: Здраво пред сè. Јас сум одлично, благодарам. Чест ми е и задоволство што повторно одговарам на ваши прашања. Не ѝ...

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

error: Content is protected !!