Знаци кои укажуваат на лошо родителство и неговите лоши ефекти.
Една од најтешките улоги што некогаш ќе ги играте во животот е улогата на родител.
Сигурно во одредени денови се чувствувате како да сте на врвот на светот и сте горди на себе. Сепак, колку добро и да се снаоѓате во таа улога, нема сомнеж дека има денови кога сте многу фрустрирани и би побегнале од сопствената кожа ако можете. Бидејќи нема училиште за родители, осудени сме да учиме попатно и да грешиме. Некои од овие грешки може да ги чинат децата самодоверба, па затоа е неопходно да знаете како да ги препознаете.
Меѓутоа, ако не сфатиме дека правиме грешки и ако продолжиме со лоши форми на родителство, тоа може да има трајно негативно влијание врз децата. Во нашата галерија откриваме знаци кои укажуваат на лошо родителство.
ПРЕМНОГУ ДИСЦИПЛИНА ИЛИ ПОТПОЛНО ОТСУСТВО НА ДИСЦИПЛИНА
Претераното дисциплинирање на децата и прибегнувањето кон физички методи или лоши зборови е знак на лошо родителство. Овие постапки имаат штетно влијание врз самодовербата на децата и придонесуваат тие да се чувствуваат несакано и непожелно. Истражувањата покажуваат дека таквите деца покажуваат асоцијално однесување, пред сè поради стравот од други луѓе и поради незнаењето како да се справат со траумите од детството. Слично на тоа, недоволното ниво на дисциплина, исто така, воопшто не е добро бидејќи, во тој случај, никој не ги учи децата дека треба да го контролираат своето однесување.
НЕПОКАЖУВАЊЕ НАКЛОНЕТОСТ
Некои родители мислат дека покажувањето наклонетост е лош потег бидејќи може да ги разгали децата. Од друга страна, таквите родители се подготвени да ги критикуваат и да ги дисциплинираат своите деца за да го направат делот поврзан со корекција на однесувањето. Сепак, вистината е дека на децата им треба многу љубов и наклонетост за да напредуваат. Колку повеќе време и љубов им давате на вашите деца, толку тие ќе станат подобри луѓе. Поради непостоењето на наклонетост, децата ќе се обидат да го привлечат вашето внимание на негативен начин.
ПОКАЖУВАЊЕ СИЛА И ПОСРАМУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРЕД ДРУГИ
Ако не сакате целосно да ја уништите самодовербата на вашите деца, трудете се никогаш да не ги навредувате и да не ги посрамувате вашите деца, особено пред другите. Некои родители сакаат да зборуваат за грешките на своите деца пред другите бидејќи веруваат дека тоа ќе ги мотивира нивните деца да работат повеќе. Сепак, такво нешто е многу деструктивно и понижувачко за децата, од емоционална гледна точка.
СПОРЕДУВАЊЕ НА ВАШИТЕ ДЕЦА ЕДНО СО ДРУГО И СО ДРУГИ ДЕЦА
Ова е грешка што ја прават поголемиот број родители. Тешко е да му одолеете на искушението да ги споредувате вашите деца со нивните врсници или да ги споредувате децата едно со друго ако имате две или три деца. Сепак, ова е нешто што треба да го избегнувате. Наместо да ги мотивира децата, оваа постапка, всушност, има спротивен ефект и прави тие да се чувствуваат доволно лошо.
НЕОХРАБРУВАЊЕ НА ДЕЦАТА
Слично како и критиките, неохрабрувањето на децата влијае тие да не покажуваат добро однесување. Сите ние чувствуваме потреба да бидеме ценети и пофалувани за она што го правиме добро од страна на луѓето што најмногу ги сакаме. Ако на вашето дете му ја ускратите таквата поддршка, тоа ќе се чувствува како само да се движи низ животот без никогаш да биде охрабрено, поддржано, пофалено.