Воздушните знаци се пријатни, друштвени, комуникативни и обично ги соживуваат сите околу себе. За разлика од нив водените знаци како што се водолите, уште повеќе од тоа се несебични и не бараат ништо од своите пријатели или блиски роднини. Со водолиите и неморате да водите длабоки разгоори, тие секако ќе ве сфатат, бидејќи се такви по природа.
Водолиите секогаш се подготвени да помогнат
Без оглед на тоа за каков проблем станува збор, водолијата секогаш ќе ве сфати и ќе ви даде совет за семејната криза, љубовните дилеми, финансиските проблеми и слично. Водолиите по природа се паметни личности и ги анализираат работите од широка перспектива па затоа ќе ви дадат совет по анализирање на вашиот проблем и тоа од сите агли. Тоа е мошне корисно бидејќи постојат ситуации од животот кога навистина незнаеме како да постапиме.
Со водолиите никогаш не е досадно
Водолиите се шарматни и забавни и сите се чувствуваат пријатно во нивно друштво. Имаат екстравагантен вкус и смисла за забава па затоа често ќе ве изненадат со своите авантуристички предлози. Ако сакате да патувате и да запознавате нови средини и опкружувања, подобро е да почнете да се дружите со некоја водолија бидејќи ќе ви помогне на тоа патување да си поминете најубаво.
Водолиите се многу толерантни
Водолиите преставуваат најтолерантниот знак во хороскопот. Многу ретко се лутат и секогаш ја анализираат ситуацијата од широка перспектива и настојуваат да ја сфатат суштината. Ја интересираат сите човекови ситуации и свесна е дека нема ништо црно—бело ниту онака површно. Бидејќи се доста специфични и со слободен дух, ги уважуваат сите човекови избори и стилови на живееење и никогаш не осудуваат.
Водолиите имаат високо ниво на емпатија
Чувствителните водолии имаат силна интуиција и доста се емпатични. На нив можете да се им се доверите за своите мрачни тајни и да им кажете за стварите од кои се срамувате а тие нема да ве осудат никогаш, туку ќе ве сфатат.