Зошто е важен афрофутуризмот?
Афрофутуризмот претставува уметничка форма, пракса и методологија која овозможува на сите припадници на црната раса и покрај вознемирувачкато минато и сегашноста, во иднина да се гледат како водечки актери. Со реконструкција на историјата на афричкиот народ се создава алтернативна иднина која ја спојува научната фантастика, технологијата и афричката митологија.
Уметничките дела кои настануваат во рамките на овој правец, имаат за цел да одговорат на прашањето за тоа за каква иднина може да станува збор доколку не би постоела историјата во која се е одземено, и во која постојат убиства на расна основа, ропство, расизам и сегрегација.
Во почетокот на пеесетите години на минатиот век дојде до огромен број на нови изуми, брзо темпо на технолошките иновации, како и развој на науката. Во тоа име популарната култура е преплавена со содржина на научна фантастика.
Независно дали се работи за книги, филмови или стрипови, сите јунаци беа прикажани од видувањето на Западниот свет и истиот тој свет проектирал јасна слика дека во некоја иднина нема да постојат Црнци кои би имале водечки улоги.
Како одговор на ваквиот третман, џез музичарот Сан Ра во 1972 година го сними албумот – Простор во место, кој преставува спој на моќта на црнците, слободниот џез, новиот бран и научната фантастика. Преку патување низ космосот во вселенскиот број кој се движи благодарејќи на музиката, Сан Ра ја открива планетата за која верува дека ќе стане нов дом за црната раса.
Меѓутоа овој правец доби влезница во популарната култура благодарејќи на филмот Црн пантер од 2018 година кој е базиран по истоимената едиција на Марвел стриповите. Дејствијата од филмот се сместени во фиктивно источно афричко кралство Ваканда кое никогаш не било под влијание на колонијализмот и кое преставува совршен спој на традицијата и технологијата.
Оваа утописка држава ја прикажува визијата на она што народите во Африка би можеле да го создадат да не беше повеќе вековните инвазии и окупации. Филмот до сега доби повеќе од 100 награди, меѓу кои се наоѓаат и 3 Оскари и прва номинација на овој жанр во категорија Награда за најдобар филм. Благодарејќи на успехот кој го достигна овој филм ставот дека филмовите со црнци во водечки улоги се насочени само кон ограничена публика повеќе не важи бидејќи сега на многу уметници им се отворени вратите.
Афрофутуризмот овозможува на уметниците да го реконструираат минатото и со тоа да го прикажат афричкото потекло од нивната гледна тачка со што тие самите го бираат форматот, наративот и пораките кои сакаат со тоа нешто да покажат. Неговата важна улога се согледува во борбата против воспоставените стереотипи за афричките народи и нивните култури. Со покажување на елементот и мотивот од традицијата, фолкллорот и митологијата во светло на новите технологии се одржува културата и сеќавањето на нивните вредности а воедно се истакнуваат и поенцијалите на овие народи. Овој правец овозможи многу афроамерикацни подобро да го дознаат за своето потекло и со тоа да се приближат до своите корени и предци.