Зошто Холанѓаните испраќаат 20 000 лалиња во Канада секоја година?

Слични

Како „инфлуенсер“ стана грд збор?

Како „инфлуенсер“ стана грд збор? Ако го отворите делот за...

6 токсични особини на емоционално незрели личности

6 токсични особини на емоционално незрели личности. Шокантно е колку...

Сподели

Зошто Холанѓаните испраќаат 20 000 лалиња во Канада секоја година?

Постојат две причини за благодарност што Холанѓаните никогаш нема да ги заборават.

Во последните денови од Втората светска војна, првата армија на Канада доби задача да ја ослободи Холандија од нацистите.

„Ти благодарам многу“

Канаѓаните постигнаа добар напредок и им нанесоа порази на германските трупи, една по друга, а населението им беше благодарно и ги дочека со ентузијазам. Покрај другото, локалните жители, на канадските пилоти, во близина на градот Ман, со помош на лалиња, на едно поле, им рекоа: „Ви благодариме многу“.

По завршувањето на борбите, Холанѓаните, во знак на благодарност, испратија илјада лалиња во Отава (овој цвет е симбол на Холандија). Следната година кралското семејство додаде уште илјада и, на тој начин, започна традицијата која продолжува до денес. Бројот на цвеќиња расте, со текот на годините, а денес достигна близу 20 000.

Прибежиште за принцовите

Кралското семејство имаше дополнителна причина бидејќи канадската влада обезбеди прибежиште за принцезата Јулијана и за нејзините ќерки во 1943 година.

Оваа пратка ги инспирираше примачите да го организираат Фестивалот на лалињата, кој се одржува во Отава од 1953 година. Се смета дека е најголемата изложба на овој цвет во светот.

error: Content is protected !!