Зошто не е здраво да пиете сок од портокал наутро?
Одговорот ќе ве изненади.
Многу луѓе пијат сок од портокал со појадок, но сепак тоа не е баш добар избор.
Растејќи, многупати имавме можност да слушнеме колку витаминот Ц е важен за нашето тело. Сепак, утрото не е најдобро време за внесување на овој витамин во човечкото тело, особено на празен стомак.
Кога пиете сок од портокал или кој било друг сок, шеќерот од него го подига нивото на серотонин (хормонот на среќата), што ве прави среќни за кратко време.
Но, поради дејството на инсулинот, кој се активира при внесување на сокот, наскоро ќе дојде до пад на шеќерот и енергијата.
Ова е и причината зошто консумирањето овошен сок наутро не е најдобриот избор.
Првото нешто што го внесувате во телото наутро директно влијае на вашите невротрансмитери и на тоа како ќе функционира вашиот мозок во текот на денот. Затоа, многу е важно со утринскиот оброк да земате житарки и јаткасти плодови, а како пијалок само вода.