Зошто подобро слушаме кога го тренираме слухот?
Слухот почнуваме да го тренираме додека сме во мајчината утроба и речиси по третиот месец од кога ќе се формира плодот и кога сме како фетус започнуваме да ги слушаме звуковите на нашата мајка.
Уште кога ќе го изговориме првиот збор, за приближно една година, внимателно ги слушаме оние кои зборуваат околу нас и почнуваме да го учиме јазикот. Тој тренинг можеме да го продолжиме целиот живот но и како многу други вештини поефикасен е во текот на деството бидејќи тогаш мозокот има поголема способност за прилагодување и учење.
Музичарите природно ги тренираат своите уши за да слушнат подобро, на пример, оние кои свират во група мораат да научат да го издвојуваат звукот на поединечниот инструмент во однос на звукот на остатокот од бендот.
Овој процес на обука трае многу години, а доколку се работи со деца може да се забележи подобрување на вербалната мемомрија, читање и способност да останат фокусирани на задачите.
Клучната задача на слушање е да го издвоиме и да го препознаеме говорот во бучава. Така да препознавањето на оној што зборува пример, во бучен ресторан би било одлична вежба. Се повеќе докази постојат дека музичарите со извежбано чуство за слух можат да го препознаат говорот од разни други звуци.