ОБИЧНИ ЛУЃЕ:

Шампионот Емил Цветанов – ни ја најавува наjголемата XCO MTB UCI 1 велосипедска трка во Македонија

Низ годините во Куманово преку основоположникот на велосипедизмот Емил...

Зошто се јавува исцрпеноста кај мажите?

Зошто се јавува исцрпеноста кај мажите?

Дали сте фрустрирани со проблемите на работа и дома? Попрвин би легал на креветот и да се препуштите на вашата безработица?

Современиот начин на животот со секојдневната изложеност на стресот, предизвикува исцрпеност и безволност. Речиси секој човек има период кога енергијата му е на најниско скалило.

Не се чусвуваме секогаш одлично. Мажите често ги занемеруваат првите знаци на предупредување, што брзо може да се претвори во долготраен психички и физички замор.

Хроничната исцрпеност може да биде знак на сериозни здравствени проблеми.
Ако забележите дека не се чуствувате најдобро во вашата кожа време е нешто да превземете. Запознајте ги најпознатите причини и потрудете се да ги отстраните.

Седум најбитни причини за исцрпеност

1.Недостаток на железо

Внимателно анализирајте се. Ако освен замор имате и бледа кожа, главоболка, трнење во рацете и стапалата, проверете го количеството на железото и витамините во крвта.

Анемијата може да биде последица на вегетаријанска исхрана, внатрешно крварење или едноставно недостаток на невоедначена исхрана.

2.Проблеми со спиење

Една од најлогичните причини за замор е недостатокот на сон. Недостатокот на сон или сон со лош квалитет допринесуваат за раздразливоста, лошата концентрација на работата, заборавање и општа исцрпеност.

Ако работите доцна навечер, лошите навики на спиењето ќе си го земаат својот данок. Па дури и ако заостануваат на работа, ноќната смена нема да донесе добри резултати. Во тој случај подобро да изберете да се одморите отколко да работите.

Но не сите проблеми со спиење се поврзани со лоши навики. Мажите често, особено оние со прекумерната телесна тежина патат од респираторни пореметувања. Често пореметеното дишење предизвикува прекинување на сон или недостаток од кислород што може да има долгорочни фатални последици на здравјето.

3.Депресија

Линијата помеѓу хроничниот замор и депресијата е многу тенка. Мажите кои имаат потешкотија во изразување на емоции често, чуствата на тага, празнина или безнадежност, ги фрлаат под теписон.

Депресијата може да влијае на секого, па од таа причина нема потреба да ги сокривате проблемите кои се во целост излечливи. Најчести симптоми на депресијата се:

  • Тажно расположение,
  • Чуство на празнина
  • Губиток на интерес за дружење
  • Замор, недостаток на енергија,
  • Пореметување на вниманието,
  • Чуство на безнадежност и немоќ

Советувањето и помошта кај депресијата се широко достапни. Занемарување на симптомите на депресијата е опасно. Ако ги препознаваш симптомите, немојте да се жалите и побарајте стручна помош од матичниот лекар или од личноста во која имате доверба.

4.Проблеми со штитната жлезда

Дисфункцијата на штитната жлезда предизвикува замор, раздразливост, немир и депресија. Иако заболувањето на штитната жлезда е почеста кај жените, симптомите кај мажите не се ништо помалку фатални за квалитетот на животот.

Ниското ниво на хормонот на штитната жлезда може потполно да го намали нивото на енергија. Освен психолошкиот проблем, постојат и физички знаци кои укажуваат на неправилна работа на жлездата: затвор, зголемување на телесната тежина, болови во мускулите, висок крвен притисок, сува кожа, прекумерно опаѓање на косата. Кај мажите ниското ниво на хормонот на штитната жлезда доведува до ниско ниво на тестостерон што дополнително допринесува на исцрпеноста.

5.Низок тестостерон

Со текот на годините мажите произведуваат помалку тестостерон што влијае на се, од густина на коските до мускулна маса и половиот нагон.

Падот на нивото на тестостеронот по триесетата година од животот доведува до намалување на половиот нагон, зголемување на телесната маса, намалување на мотивацијата и проблемите со спиењето.

6.Друг здравствени проблеми

Заморот може да укаже на тоа дека телото има сериозни здравствени проблеми. Непобедливиот замор може да биде симптом на болести на црниот дроб и бубрег, срцеви проблеми, белодробни заболувања и дијабетес.

Честопати лечењето кое е поврзано со силни лекови кои го оптеретуваат имунолошкиот состав и телото. По долга болест заморот е последица на лечење, а потоа телото треба да има доста време додека да ја врати енергијата.

7.Лоши навики

Често пиете кафе? Пушите цигари? Овие навики изгледаат дека се занемарливи но можат да бидат причини за исцрпеноста. Повисокото ниво на кофеин може да претставува услов за замор.

Претрераното конзумирање на кафе, цигари, енергетски пијалоци и и алкохол може да доведе до општ замор. Кога телото е преоптеретено со стимуланси тоа буквално се руши.

Како да се справите со заморот?

Регулирајте ја исхраната. Присетете се како се чуствувате која јадете пилешко месо со помфрит и пиете пиво. Неколку минутки после тоа вашата животна енергија испарува.

Ако во менито вклучите зеленчук, семенки, житарки и протеини вашето тело ќе профункционира поинаку.

Причината на заморот може да лежи и во хормоналната наерамнотежа и во недостаток на витамини и минерали. Мажите мораат да пронајдат додаток во исхраната кој ќе ги реши ниското ниво на тестостерон и ќе помогне во преовладување на стресот.

Ви препорачуваме да направите консултативен разговор со вашиот лекар. Секако лекарската помош може многу да ви помогне.

Latest

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Newsletter

spot_img

Don't miss

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Уметничкиот центар ПОЛИФОНИЈА со несекојдневна програма во рамки на Скопско Лето.

21ви Јули со почеток во 21 часот "Македонски шлагери, стари...
spot_imgspot_img

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници кои го олеснуваат животот и особено работата. Бизнис трансофмацијата се забрза, предизвикувајќи големи промени во...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и седумкратниот освојувач на најголемата титула во бодибилдинг, Мистер Олимпија. Сепак, дали знаевте дека Арнолд Шварценегер стана...

ИСКРЕНО СО: Симона Николова – за дискриминацијата, менталитетот и патот до успехот за кој сонува и го остварува

FLIP: Како си?! Симона Н.: Здраво пред сè. Јас сум одлично, благодарам. Чест ми е и задоволство што повторно одговарам на ваши прашања. Не ѝ...

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

error: Content is protected !!