Зошто треба да запалите малку темјан во домот?
Мирисот на мир, молитва и духовност се трите причини за да се запали малку темјан во куќата.
Темјанот се прави од дрво наречено Burseraceae кое најмногу расте во Индија, Саудиска Арабија и во Етиопија. Се користи со векови во гранули за изгореници, поради црковните служби, а многумина го користат и како есенцијално масло.
Веднаш штом ќе ја почувствувате аромата на темјанот, можете да сфатите колку навистина е посебен и колку е релаксирачки за умот и за телото.
Откривме 3 одлични ефекти од темјанот.
Тој опушта и му носи мир на умот
Се верува дека темјанот го чисти домот од негативна енергија, а кога ќе го почувствувате неговиот мирис, првата асоцијација ќе биде мирот. Согорувањето на темјанот дома помага во борбата против симптомите на стрес и на анксиозност, предизвикува чувство на смиреност и ја подобрува свеста.
Има антисептички својства
Се смета дека темјанот има добар ефект врз вирусите и бактериите, па затоа, често се користи дома како форма на превенција и чистење на местото од некои неповолни микроорганизми. Се смета дека има и антиинфламаторни својства, но и благотворно и смирувачко дејство на респираторниот тракт.
Меморија и подобрена свест
Чадот и мирисот на темјан можат да ве поттикнат да се фокусирате на она што го правите. Во средниот век, ерменскиот лекар Амирдовлат од Амасија напишал: „Темјанот, со својата топла и сува природа, го зајакнува умот и го лекува заборавот.“ Кога ви е важно да се концентрирате, запалете малку смола, темјан или употребете го благотворното дејство на етеричното масло.