УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ
Со пристапот на веб-сајтот FLIP.MK, ги прифаќате условите за користење на содржините од нашиот магазин и се обврзувате да ги почитувате. Ако не се согласувате со нив, ве молиме да не ги користите артиклите или кои било други информации од магазинот за животниот стил (lifestyle magazine).
Овој магазин, како и целата негова оригинална содржина, се во сопственост на САЈБЕР 38 ДООЕЛ. Според тоа, артиклите се целосно заштитени според законите и регулативите за интелектуална сопственост. Строго се забранува секакво копирање на текст, слика или видео и објавување на друг медиум, портал или веб-сајт, без претходна дозвола од редакцијата на FLIP.MK.
Ако добиете дозвола од нашата редакција за користење на текст, графика, слика или видео, овие се правилата за користење: — Текст. Дозволено e користење на најмногу 15% од содржината, но треба да се наведе изворот во првиот параграф и да се стави линк до FLIP.MK. — Слика, графика или видео може да се користи по добиена согласност од редакцијата на FLIP.MK.
Ако направите копија без дозвола од нашата редакција, се обврзувате да платите надоместок за користениот материјал по фактура која ќе ви биде доставена. Ако фактурата не биде платена во дадениот рок, ќе ги искористиме сите законски процедури за наплата. Магазинот за животниот стил (lifestyle magazine), FLIP.MK, содржи линкови од други онлајн извори кои не се во сопственост на FLIP.MK и затоа FLIP.MK не презема одговорност за содржината на која било од овие содржини.
FLIP.MK има право да ги модифицира и да ги менува правилата и условите за користење во кое било време. Затоа, пред да преземете некоја активност, проверете ги правилата дадени во делот услови за користење, со единствена цел — да бидете информирани за нив.