Интервју со Никола, Instagram сензацијата која ги претвора секојдневните моменти во урнебес без да му мрдне бркот!

Кога би имал само 15 секунди да им кажеш нешто на сите Македонци во светот, што би било тоа?
Би ги замолил да не продаваат многу филмови за тоа како се живее во странство, бидејќи многу млади се излажаа и отидоа надвор, а веќе не е тоа што беше, па само се заглавуваат. Би ги замолил и да се вратат тука за да пробаме да ја вратиме државата колку што можеме.

Дали некогаш си снимил видео каде се обидуваш да објасниш на некој Македонец во странство дека „Македонија не е иста како порано“? Ако не си, што мислиш, како би поминало тоа?
Не сум пробал, бидејќи тоа би изгледало нереално, во стил: замисли да отидеш на шалтер за лични документи и да завршиш работа веднаш, а да не ти е роднина тој што работи на шалтерот. Такво нешто не е изводливо, и нема да убеди никого кој заминал, бидејќи оние што заминале надвор од Македонија да работат, живеат и создаваат, имаат причини кои никој нема да ги убеди дека се лажни или дека работите тука се смениле… едноставно не би се ни обидел.

Дали мислиш дека Македонците се пофини кога се дома или кога се на гости во туѓа земја?
Дефинитивно кога се надвор од Македонија, тоа сум го искусил многупати. Особено кога требало да се пие на одмори и слични активности. А за внатре во МК, „да му умре козата на комшијата,“ нели?

Која е тајната на твојот брк? Дали има нешто македонско што користиш за нега? Можеби ракија за сјај?
Нема посебна тајна, освен дека многу јадам скара и мрсни работи, па не можам да го измијам целосно и останува да свети и покрај редовното одржување. Дополнително, сакам да свети што повеќе, за на тие што им бодам очи уште повеќе да им бодам хаха. Ракијата е неизбежен дел од мојот живот, нешто свето што се трудам да го испочитувам речиси секој ден.

Кога патуваш надвор од Македонија, каде живеат многу Македонци, одиш ли во кафана со македонска музика?
Искрено, сакам убави кафани, традиционални. Имам убаво искуство со некои места во Бугарија каде што сум слушал македонски традиционални песни, ама навистина македонски, не некакви ремикси. Секогаш е убаво кога надвор од Македонија ќе слушнеш такво нешто, особено кога целата кафана ужива во атмосферата. Мислам дека обичниот човек не се замара многу за политика и дека во кафана сите политички проблеми се решаваат на поинаков начин.

Која е најчудната навика на Македонците, според тебе, што ја забележуваат странците?
Тоа што сум го забележал е дека многу им се чудат колку многу мезе имаме пред главното јадење во кафани. Сум имал можност тоа да го чујам: „се е ок, мезиме,“ и после еден куп мезе на масата доаѓа главното јадење и се чудат каде сега да го сместат сето тоа? Дури наредниот ден побараа ако можеме да одиме директно на ручек, без мезе. Тоа би го издвоил како нешто што им е чудно на странците за нас.

Кога би можел да создадеш нов TikTok предизвик базиран на македонските обичаи, што би се случувало во видеото?
Интересно прашање. Јас би пробал да направам видео во кое сите ќе го очекуваат младоженецот да дојде по невестата, а тој да не дојде, туку да ја побара на видео повик и да ѝ каже дека се премислил, облечен во дрес од Милан, седнат пред некоја локална продавница со пиво во рака, но во близина на невестата за брзо да ја смири. Тоа на камера би било добро да се види.

Како реагираат твоите пријатели од странство кога ќе им раскажеш за македонските свадби? Веруваат ли дека е вистина дека славиме по 3 дена?
Со оглед на тоа дека тоа се млади луѓе кои не се иселиле толку одамна, знаат за што станува збор и како изгледа една наша свадба. Проблемот и смешното е во тоа што се чудат малку, бидејќи сега се дел од друг свет и не можат да веруваат во некои работи што тука се случуваат, иако биле сведоци на истото како помали.

Како се справуваш со позитивните, а како со негативните коментари за твојата работа?
Одлично се справувам, многу ми значат сите коментари, како позитивните така и негативните. Многу ми значат сите пораки што ги добивам, сите застанувања во живо на луѓе што ќе ми кажат кое видео им е омилено и слично. Прифаќам и негативна критика, за нешто што треба да го подобрам и што не им се допаѓа, ама кај нас не се такви негативните коментари. Кај нас негативните се од типот „глуп си, дебел си, брк, не си смешен“ и слично. Па еве, ја користам оваа прилика да ги поздравам и тие негативни коментари и да им порачам дека никогаш нема да ме допре некој таков коментар и дека секогаш ќе добијат одговор назад. Живеам премногу убав живот за да им го допуштам тој луксуз. А секако, отворен сум за секаква критика што би значела мое подобрување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nidzho Nikola (@isthatnikolaa)

Дали некогаш се чувствуваш како да си дел од „интернет Македонија“ каде сите сме експерти за сè, особено за политика?
Па, не баш. Никогаш не сум коментирал многу на интернет, по вести, да се карам или да се убедувам, особено за политика. Им оставам простор на мудрите корисници кои без лекарско си дозволуваат за сè да бидат експерти по коментари.

Како би опишал типичен Македонец во странство? Кои се првите три нешта што ќе ги направи кога ќе се врати дома од работа?
Искрено, не знам како изгледа типичен Македонец во странство, можам само да претпоставувам. Мислам дека е многу тешко да не си во својата земја, блиску до твоите најблиски, и не секој го може тоа. Она што малку не ми се допаѓа кај нив е дека кога ќе дојдат тука, ни прават филмови како да живеат некој живот што ние само по филмови го гледаме, а за жал, слободата која ние сеуште за среќа ја имаме, тие ја немаат. Инаку, кога ќе дојде дома од работа, сигурно отвора фрижидер, салата, ракија (ако има домашна) и ја пушта на рипит „Бисер Балкански“.

Која е најголемата разлика во однесувањето помеѓу младите Македонци и постарите генерации во дијаспората? Што вели братучед ти од Австралија?
Искрено, добив многу пораки за видеата што ги направив за Македонците во Австралија, особено од помладите генерации, и тоа многу позитивни коментари. За жал, од постарите добив вулгарни коментари, од доста стари луѓе со деца и внуци на слики, така што можам да направам разлика како тие ги сфаќаат моите видеа и дали ја разбираат шегата, и како помладите се смеат и им се допаѓа.

Leave your vote

Log In

Forgot password?

Forgot password?

Enter your account data and we will send you a link to reset your password.

Your password reset link appears to be invalid or expired.

Log in

Privacy Policy

Add to Collection

No Collections

Here you'll find all collections you've created before.